Одделение за лингвистика и литературна наука
Во Одделението за лингвистика и литературна наука се застапени следниве научни области: лингвистика, филологија, литературна наука, фолклор и други сродни науки.
Членови на Одделението се:
- Витомир Митевски (античка литература: филозофија, епика, историографија, византиска книжевност),
- Ѓорги Поп-Атанасов (македонска црковна книжевност, библистика, херменевтика, црковна химнографија, хагиографија),
- Зузана Тополињска (лингвистика и славистика),
- Ката Ќулавкова (теорија на книжевноста и книжевна херменевтика).
- Марјан Марковиќ (македонистика, славистика и балканистика).
Дописен член на Одделението е:
Веселинка Лаброска (македонистика, славистика, балканистика, општа лингвистика)
Лилјана Макаријоска (македонистика, палеославистика, етнолингвистика)