Академик Зузана Тополињска одликувана со Медал за заслуги за РС Македонија
На 30.01.2024 г. на свечена церемонија што се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност, од страна на Претседателот на РС Македонија, Стево Пендаровски,
++389 (0)2 32 35 400
Современиот македонски јазик ни ги покажува тенденциите на забрзаната јазична еволуција користејќи ги сите можности што ги дава богатиот дијалектен корпус кој имал многувековна непречена усна традиција. – вели дописниот член на МАНУ Марјан Марковиќ во неговата колумна за Факултети.мк.
“Човековата потреба да го опише, објасни и артикулира светот што го опкружува најверно се реализира преку јазикот. Јазикот го претставува најсовршеното средство за артикулација на човековата концептуализација на светот, како материјалниот така и менталниот. Таа коцептуализација преку јазикот се реализира така што од значенската структура на јазикот (семантички континуум) се пренесуваат информации кои се кодираат во јазичниот систем (граматика и лексикон). Во граматичкиот систем тие информации се граматикализираат и стануваат показатели на одредени „граматички“ категории, додека пак во лексиконот (зборовниот состав) тие информации се лексикализираат и се вклопуваат во деривацискитезборовни јадра на соодветниот јазик. На тој начин човековиот јазик се труди што поточно да ја прикаже постојано променливата концептуализација на светот. Другиот сегмент од пренесувањето информација од семантичкиот континуум е и потребата за постигнување појасна и поеднозначна комуникација меѓу говорителите, при што показателите на семантичките категории кодирани во јазикот постојано се менуваат со цел да постигнат повисока транспарентност и поголема разбирливост. Токму од нивната транспарентност зависи успешноста на комуникацијата.”
Дел од заклучоците од колумната на дописниот член Марковиќ се:
“Современиот македонски јазик ни ги покажува тенденциите на забрзаната јазична еволуција користејќи ги сите можности што ги дава богатиот дијалектен корпус кој имал многувековна непречена усна традиција. Токму тој богат дијалектен корпус овозможува говорителите на современиот македонски јазик да изнаоѓаат решенија кои овозможуваат поеднозначна и непречена комуникација и меѓусебно разбирање. И во својот ‘балкански’ развој и во својот сегашен самостоен развој, македонскиот јазик ги користи сите овие средства со цел на што поеднозначенначин да ја артикулира концептуализацијата на современиот свет и да обезбеди појасна комуникација меѓу говорителите.
Затоа, можеме да кажеме дека клучот за континуитетот и опстанокот на македонскиот јазик е токму во неговата способност да се адаптира кон промените, да ги вгради во својот систем и со тоа да биде модел во пошироки рамки за тоа како еден јазик дури и во најнеповолни околности може да стане одржлив, еволутивен и иновативен комплексен адаптивен систем.”
Прочитајте го целиот текст на следниот линк.
No results found !
На 30.01.2024 г. на свечена церемонија што се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност, од страна на Претседателот на РС Македонија, Стево Пендаровски,
Работна средба на делегација на МАНУ со д-р Димитар Ковачевски, премиер на Владата на РС Македонија, д-р Јетон Шаќири, министер за образование и наука, и
СООПШТЕНИЕ ОД СЕДНИЦАТА НА СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА АКАДЕМИЈАТА ЗА ПЕРИОДОТ 2024 – 2027 ГОДИНА
На 9 октомври 2023 година, во Свечената сала на МАНУ, по повод одбележувањето nа денот на МАНУ, пригодно обраќање имаше претседателот на МАНУ, акад. Љупчо
МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ ИМА ЧЕСТ ДА ВЕ ПОКАНИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ДЕНОТ НА АКАДЕМИЈАТА 11:45-12:00 ч. ПОЛОЖУВАЊЕ
Македонската академија на науките и уметностите информира дека добитници на меѓународното признание „Блаже Конески“ за 2023 година, за посебен придонес во развојот на науката, културата
© Copyright 2023 by MANU помогнато од Rotary Club Skopje West